Во последните неколку години, луѓето веќе се научија да ја добиваат својата омилена храна преку еден телефонски повик или со типкање на својот мобилен телефон. Меѓутоа, таквиот луксуз не можат да си го дозволат астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Иако редовната достава на храна до вселената е сé уште далеку во иднината, Uber Eats сепак го направи пионерскиот потег.
Имено, со помош на јапонскиот претприемач Јусаку Мајезава, кој бил во посета на Меѓународната вселенска станица на туристичко вселенско патување, Uber Eats успеале на вселенскиот персонал да им достават хартиена кеса полна со зготвени јапонски јадења.
„Со оброци како варена риба во мисо-сос, говедско месо зготвено во сладок сос, пилешко со бамбусови витици и динстано свинско месо, Uber Eats и Мајезава ги почестија астронаутите со вкусна храна која беше добредојдена промена од стандардната вселенска храна“ – посочија од Uber Eats.
Јапонскиот милијардер се најде на Меѓународната вселенска станица со помош на руската ракета “Сојуз”, а планира повторно да отпатува во вселената во 2023 година со помош на Space X со намера да ја обиколи Месечината.