Агенцијата досега беше задолжена само за деловните активности на Uber во САД и Австралија
Компанијата за превоз Uber ја избра медиската агенција MediaCom, дел од групацијата Group M, да ги води сите медиски активности на компанијата на глобално ниво.
Договорот станува ефективен почнувајќи од 1 јануари 2021 година, а одговорни лица за целата операција ќе бидат Илана Нолте, генерален директор за трансформации, и Лата Нударам, извршен директор.
„Денешницата бара еден поинаков пристап во градењето на брендовите и развојот на иновациите, поради што и ги консолидиравме нашите глобали медиски потреби со MediaCom. Работата која тие ја завршија за Uber за време на еден од најтешките периоди во нашата индустрија ни влева доверба дека нашето партнерство ќе продолжи да напредува на глобално ниво,“ истакна Тревис Фриман, глобален медиски директор на Uber.