Дигиталната платформа за транспортни услуги Uber ја избра агенцијата Omnicom Media Group за главен медиски партнер на глобално ниво, во договор вреден околу 600 милиони долари во медиски закуп.
Ревизијата на глобалниот медиски договор на Uber започнала во јуни, а учество во неа зеле повеќе големи медиски агенции.
На крајот било одлучено дека Omnicom Media Group ќе го добие најголемиот дел од колачот на глобално ниво, односно ќе биде задолжена за медиското планирање и закуп за Uber во регионите на Северна Америка, Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток и Африка. Во регионот на Азија-Пацифик, пак, медиските активности на Uber ќе ги води агенцијата GroupM на WPP.
„Uber се движи со брзо темпо, а низ целиот процес на избор бевме импресионирани од брзината и агилноста на Omnicom Media Group, кои што заедно со квалитетот на нивниот талент, технологијата (како што е нивниот систем за маркетинг оркестрација Omni), стратешкото размислување и посветеноста да се биде вистински партнер на нашиот бизнис, ги издвои од конкуренцијата“ – се вели во соопштението на потпретседателот за маркетинг на Uber, Дејвид Могенсен.