Под насловот “Keep Ukraine Moving” („Продолжете да ја движите Украина“), сервисот за превоз Uber лансираше нова кампања со која ги раскажува искуствата на нивните возачи во земјата додека трае воената состојба.
Во центарот на кампањата се наоѓаат три кратки филмови во кои се појавуваат возачите Паша, Дима и Оксана, кои ги истакнуваат своите придонеси во одбраната и секојдневното функционирање на главниот град Киев и неговите жители во изминатата година.
„Првите три дена бев толку во шок што не излегов од дома. Кога конечно излегов, видов дека луѓето имаат екстремна потреба од превоз. Едно од најнезаборавните возења беше кога донесов војник да се сретне со неговото бебе за прв пат“ – вели возачот Дима, кој за време на опсадата на Киев реализирал дури 674 возења.
Од Uber се надеваат дека кампањата ќе поттикне хуманитарни донации кон Украина, а самата компанијата веќе донирала 1 милиони долари до Министерството за здравство на Украина за купување на нови амбулантни возила.
Кампањата е создадена со помош на независната креативна агенција Banda, со канцеларии во Киев и Лос Анџелес.