Порталот Маркетинг мрежа од Србија, заедно со агенцијата Smart+ Research, започнаа со истражување кое се занимава со клучните теми од областа на маркетингот и комуникациите, како и трендовите за 2018 година.
Прашалникот е наменет за професионалците од секторите за корпоративни, дигитални комуникации и маркетинг од земјите од екс-Ју регионот (Србија, Хрватска, Макеконија, Словенија, БиХ и Црна Гора). Цел на ова истражување е да се согледа состојбата на професијата во регионот, како и трендовите и предизвиците кои не очекуваат во наредната година.
Со оглед на тоа што е исклучително важно да знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, кога е во прашање развојот на професијата, ги повикуваме комуникациските професионалци од Македонија да земат учество во ова истражување и да го одговорат прашалникот на ОВОЈ ЛИНК.
Резултатите од истражувањето премиерно ќе бидат презентирани како групни за време на Форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2018, кој ќе биде оддржан на 12 и 13 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград, Србија.