УЕФА и Пепси информираат дека за првпат, финалето на УЕФА Лигата на шампиони ќе вклучува глобален музички настап во живо како дел од церемонијата на отворање. На 28 мај на стадионот ЏузепеМеаца во Милано, Италија, во рамките на УЕФА Лига на шампиони церемонијата на отворање претставена од Пепси ќе настапува АлишаКис, како првиот артист кој ќе ја отвори новата забавна ера за финалето на УЕФА Лигата на шампиони. Емитувана во повеќе од 220 земји, финалето на УЕФА Лигата на шампиони е најгледаниот годишен спортски настан во светот.
„Навистина сум возбудена да ја споделам мојата нова музика на финалето на УЕФА Лигата на шампионите, настан кој се прославува во секој дел на светот”, изјави АлишаКис,„ова ќе биде моќен момент во историјата, кој го претставува духот на сите сличности кои ги делиме, без разлика каде живееме и кои сме. Чест ми е да бидам специјален дел од такво искуство.”
Оваа година церемонијата на отворањето на финалето на УЕФА Лигата на шампиони презентирана од Пепси ќе ги спои световите на светски реномирана музика, забава и спорт, додека истовремено ќе ги слави дизајнот и модата како заштитен знак на градот домаќин – Милано.
„Музиката, забавата и спортот отсекогаш биле витален дел од ДНК кодот на Пепси. Ние сме брендот кој ги спои маркетингот и забавната индустрија и продолжи да ги турка креативните граници”, изјави Карла Хасан, Заменик Генерален директор во ПепсиКо. „Преку креирање на глобалната сцена како дел од финалето на Лигата на шампиони, Пепси ќе произведе епски момент за паметење, кој ќе привлече уште поголема база на фанови на теренот, ќе ја зголеми возбудата за финалето во 2016 година и ќе воспостави нова традиција за еден од најомилените спортски спектакли во светот.
Оживеаната церемонија на отворање ја одбележува експанзијата на постоечкото партнерство меѓу ПепсиКо и УЕФА Лигата на шампиони, преку носење на еден од најстраствените светски музичари на масовна светска публика и дополнително ја зголемува возбудата и величественоста на најгледаниот годишен спортски настан во светот. ПепсиКо за првпат ги здружи силите со УЕФА Лигата на шампиони во 2015 година, најавувајќи партнерство со престижниот европски фудбалски турнир, каде Lay’s, Gatorade и Pepsi MAX/Pepsi се водечки брендови за време на натпреварите.
Гај Лоран Епстин, Маркетинг директорот на УЕФА изјави, „Со легендарната историја во музиката, Пепси беше идеален партнер за носење на епскиот музички настап на најгледаниот светски спортски настан за првпат, и претставува чест за УЕФА што АлишаКис ќе настапува во Милано. Финалето на УЕФА Лигата на шампиони е крајната етапа на европскиот фудбал, кој ги спојува двата најдобри тимови на континентот. Со толку високо почитуван и навистина глобален артист кој ќе настапува пред финалето на УЕФА Лигата на шампиони, реномето на натпреварот се зголемува уште повеќе, и како резултат на тоа, ќе привлече повеќе демографски групи како гледачи, што во крајна мера дополнително го зацврстува глобалниот статус на УЕФА Лигата на шампиони.
Како дополнување на настапот на церемонијата на отворање на финалето на УЕФА Лигата на шампиони, спонзорирана од Пепси, Кис – која неодамна се приклучи на 11-тата сезона за хит шоуто на NBC, TheVoice во САД и ќе го промовира својот 8ми албум оваа година – ќе биде вклучена во интегрираните елементи на кампањата, кои ќе го најават нејзиниот настап.
За повеќе информации, посетете ја: www.facebook.com/uefachampionsleague.