Home » Во фокусот » Укината забраната за ангажирање на агенции за односи со јавноста во државните институции во Хрватска

Укината забраната за ангажирање на агенции за односи со јавноста во државните институции во Хрватска

Владата на Република Хрватска, на седницата одржана на 28 декември 2017 година, донесе одлука за укинување на забраната за ангажирање на агенции за односи со јавноста во органите на државната управа и компании во доминантна сопственост на државата, а која е во сила од јули 2012 година,

По кореспонденцијата со релевантните професионални здружанија во индустријата, HUOJ (Хрватското здружение за односи со јавноста) и HURA (Хрватското здружение за деловни комуникации), беше одлучено дека комуникациските стручњаци повторно ќе бидат вклучени во работата на државните органи и јавните претпријатија, како неопходни за успешно пренесување на информациите за јавните политики, реформи и клучни одлуки.

“Оваа усогласеност со практиката во Европската унија ќе придонесе за подобар квалитет и поактивна комуникација на јавниот сектор со јавноста и граѓаните на Р.Хрватска. Благодарение на високо специјализираните знаења и способности, агенциите за односи со јавноста континуирано ги усвојуваат најдобрите комуникациски практики во светот и како такви се надлежни со нивното знаење и искуство да придонесат за квалитетот на спроведувањето на јавните политики и реформи, како и за управување со кризни ситуации и прашања од јавен интерес. Како здружение кое во своето членство ги собира агенциите за односи со јавноста, во HURA ја поздравуваме одлуката на Владата”, изјави Давор Брукета, извршниот директор HURA.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365