Повеќекратно наградуваната адвертајзинг агенција Banda од Киев, Украина, објави емотивно видео со кое се осврнува врз конфликтната ситуацијата во нивната матична земја и повика на помош и поддршка од останатите земји во светот.
Спотот претставува колаж од видео снимки и фотографии од воените дејствија, но и од моменти на заедништво помеѓу Украиниците, како и од протести за поддршка на Украина кои се случуваат во другите земји.
„Украина е сега. А, сега е специјално. Точка на пресврт. Не може да има друго сега. Можете да го слушнете. Можете да го погледнете. Можете да го почувствувате. Сега. Сега и сега. Уште една победа. Уште едно дело. Уште еден чекор понатаму. Сега не се работи за зборови. Туку за дела. За луѓето кои што се спремни да преземат акција. Украина, сега, сме сите ние“ – гласи нарацијата на видеото.
Од агенцијата ги повикаа сите поддржувачи да го споделуваат видеото и да застанат во поддршка со Украина.
View this post on Instagram