UM, глобалната мрежа на медиски агенции на IPG Mediabrands, неодамна го објави лансирањето на Shoptimizer, уникатна алатка за распределба и оптимизација на малопродажниот буџет што го поедноставува планирањето на инвестициите додека го максимизира нивниот поврат.
Во почетната фаза на тестирање, која вклучувала закуп на комерцијални медиуми за неколку светски брендови на производи за широка потрошувачка, употребата на Shoptimizer резултирала со зголемување од 12-15% во постепената продажба, при што клиентите наведуваат „поголема транспарентност“ и „подлабоко разбирање на придонесот кон продажбите од страна на малопродажната мрежа“ како придобивки од новата алатка.
Одговорни за повеќе од 2 милијарди американски долари на глобално ниво, комерцијалните практики на UM продолжуваат да се надоградуваат врз една деценија технолошки иновации вештачката интелигенција и машинското учење кои го поттикнуваат развојот на бизнисот и органскиот раст.
„UM го предводи комерцијалниот медиумски простор повеќе од една деценија, а Shoptimizer е нашата најнова иновација заснована на податоци и технологија, дизајнирана да се прилагоди на постојаните промени во однесувањето на потрошувачите и да ја забрза конверзијата. Оваа нова алатка им дава на нашите клиенти поголема флексибилност и ефикасност во инвестициите, врз основа на податоци во реално време, што доведува до докажани деловни резултати“ – објаснува В. Џо ДеМиеро, извршен директор на UM за американскиот пазар.
Shoptimizer ја користи моќта на податоците за информирање во однос на приоритетните трговци на мало и буџетските распределби, што доведува до зголемено мерење, оптимизација, агилност и на крај – приходи од продажбите. Преку едноставен интерфејс кој е лесен за употреба, алатката им дава можност на брендовите да одредат колку да потрошат во комерцијалниот простор во однос на специфичен трговец на мало и тоа врз основа на минати инвестиции и остварени продажби. Брендовите потоа можат да ги оптимизираат инвестициите на сите канали, како и тактиките за малопродажба во секој екосистем на трговци на мало, доведувајќи до најповолен поврат во однос на специфични кампањи.
Shoptimizer е клучна понуда во рамките на неодамна лансираната Unified Retail Media Solution на IPG Mediabrands – посветена деловна единица која им овозможува на брендовите интелигентно да управуваат со нивните инвестициски перформанси беспрекорно низ сите малопродажни медиски мрежи, како еден од најбрзо растечките типови на канали за огласување.