UM, глобалната медиска агенциска мрежа на IPG Mediabrands, беше прогласена за најдобра медиска агенција во САД за 2024 година од страна на магазинот Ad Age, како дел од престижните награди A-List & Creativity, кои ги слават водечките лидери, врвните агенции и креативните иноватори во индустријата денес. Американскиот магазин Ad Age е еден од водечките извори на вести и анализи во светот на адвертајзингот, маркетингот и медиумите, од неговото основање во далечната 1930 година до денес.
„Возбудени сме што сме прогласени за Медиска агенција на годината од страна на Ad Age и јас сум многу горда на нашите тимови за иновациите, соработката и непоколебливата посветеност кон растот што секој ден им ги испорачуваат на нашите клиенти и еден на друг“ – истакнува Ерин Квинтана, генерална извршна директорка на UM во САД.
„Посебната култура и посветеноста во UM кон нашите луѓе е она што нè разликува, што нè прави неспоредлив партнер во изборот на нашите клиенти, како што заеднички го водиме нашиот успех. Честитки до другите наградени колеги и особено до сите страсни членови на UM кои ја менуваат играта на подобро и брилијантно ја навигираат нашата индустрија кон иднината“ – додава Квинтана.
Победниците ќе ги добијат признанијата лично за време на наградната церемонија на Ad Age во Њујорк на 24 април.
Оваа објава следи по една година на признанија од висок профил за UM, вклучувајќи го и прогласувањето за „Глобална агенциска мрежа на годината“ од страна на магазинот Campaign; вклучувањето во листата за „Најдобри места за работа во адвертајзингот и маркетингот“ според Fortune; и неодамна како дел од „Најдобрите места за работа во однос на диверзитетот“ и „Најдобри работни места за жени“ во 2024 година, според Newsweek.