Во својата најнова реклама, Umbro прави пародија на фудбалските реклами кои понекогаш претеруваат со пренагласено фалење на разно-разни аспекти од карактеристиките на определен продукт, во случајов фудбалски копачки.
Рекламата почнува така што претставник од компанијата се обидува да го презентира најновиот модел копачки Medusae II пред бразилскиот фудбалер Пепе. Фудбалерот е видно возбуден за копачките, но прилично незаинтересиран за целата презентација. Јазичната бариера помеѓу двајцата на паметен начин ја надминува агентот на фудбалерот.
Погледнете: