Home » Во фокусот » Унапредена структурата на Меккен агенциите во склоп на I&F McCann Grupa

Унапредена структурата на Меккен агенциите во склоп на I&F McCann Grupa

После проширувањето на работата и на пазарите во Нордискиот регион, а имајќи го во предвид и дополнителниот развој на агенциите и услугите на сите пазари на кои работи, I&F McCann Grupa, одлучи да ја унапреди и својата организациска структура.

Владимир Димовски, како CEO на Меккен Адриатик (McCann Adriatic), покрај Меккен агенциите во Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, го презема раководењето на агенциите и во Србија и Црна Гора. Владимир е дел од тимот повеќе од 15 години, а неговиот посветен и одговорен однос придонесе Меккен агенциите во регионот да бидат препознати од клиентите како сигурен партнер во креирањето на комуникациите, а од страна на стручната јавност – како водечки агенции на пазарите. Со своето стратешко размислување, математичко и креативно согледување и разбирање на деловното опкружување и познавање на потребите на пазарите, Владимир заедно со тимот од агенцијата Меккен Белград ќе работи на понатамошен развој на комуникацијата на клиентите.

Дел сум од Меккен системот повеќе од 15 години, со неговиот развој се развивав и јас самиот, па на тој пат го запознав и целиот процес во креативната индустрија. Денеска работиме во два региони, а јас сега имам одговорност и привилегија да бидам на чело на еден од нив. Нашите агенции во склоп на Адриатик регионот и до сега бележеа исклучителни резултати и секоја од нив на својот пазар претставува лидер, така што во тој правец и ќе продолжиме, како интегриран комуникациски систем – под еден кров да обезбедиме ефикасност, квалитет и креативност за своите клиенти, вработени и соработници“ – вели Владимир.

Оливера Перковиќ, досегашната директорка на агенцијата Меккен Белград, е унапредена на позицијата заменик на извршниот директор на  I&F McCann Grupа и како Chief Strategy Officer ќе биде задолжена за дефинирање на корпоративната стратегија. На Оливера и е доделена задачата за продолжување на интеграцијата на Меккен агенциите на пазарите на јужна и северна Европа, развој на услугите, размена на луѓе и знаења, како и формирање на специјализирани тимови за повеќе пазари. Нејзиното знаење и искуство, заедно со агенциските тимови, ќе биде насочено кон стратешки развој на агенциите.

Со интеграцијата на северот и југот имаме единствена прилика да ја развиваме понатаму и нашата компаративна предност како целосен систем кој на нашите клиенти во најразлични индустрии им нуди високо ниво на експертиза во доменот на бренд стратегија, богат креативен производ како и врвен дизајн. Со богатството од различни знаења и искуства, во синергијата на повеќе култури и искуства од различни пазари, се радуваме на можноста да формираме дистинктивен пристап кога е во прашање нашата постојна понуда и да креираме нови услуги кои на нашите клиенти ќе им овозможат дополнителна вредност и бенефит, а на нашите луѓе ќе им овозможат дополнително професионално усовршување и нов квалитет“ – вели Оливера.

По повод новите улоги на Владимир и Оливера во системот на I&F McCann Grupe, Срѓан Шапер го изјави следното: “Смело ги исчекуваме предизвиците на динамичните пазари на кои работиме, одговорни, посветени и љубопитни да ги откриваме потребите на потрошувачите со цел, како и досега, секој ден градиме силни односи со сите наши партнери. Со размената на знаења, искуства, луѓе, синергија на тимови и развој на услуги, на нашите партнери ќе им овозможиме унифицирано квалитетна услуга без обзир дали својот бренд го комуницираат на југот или северот на Европа“.

I&F McCann Grupa работи на вкупно 12 земји од јужна и северна Европа.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365