Home » Во фокусот » UnBLOK – Блок за пишување каков што му треба на секој креативец

UnBLOK – Блок за пишување каков што му треба на секој креативец

Агенцијата Señor сака да ви помогне да ја надминете креативната блокада

Што да им подарете на креативците? Ви треба креативност за да знаете. А секој креативец го знае тоа страшно чувство кога ќе налета на креативна блокада која во тој момент се чини непремостлива. И колку е фрустрирачки (и непродуктивно) да гледаш во празна хартија. Затоа агенцијата Señor создаде блок со чија помош ќе се надминат тие пречки.

Меѓу стотиците празни листови за деновите кога инспирација е на врвот, unBLOK содржи и страници со задачи кои помагаат да се разбие креативната блокада која ги погодува и најдобрите креативци. Неочекувани вежби ќе го поттикнат креативниот процес, чиј краен резултат е помалку важен. Без оглед дали го решава на пауза, ноќта пред крајниот рок или на маратонски состанок, важно е корисникот на блокот да заборави на границите, автоцензурата, споредбите и сите останати непријатели на креативната слобода и да се обиде да се изненади – себе си! Не мора да се грижи за точните решенија, бидејќи ги нема. Додека размислува за можните решенија, ќе се соочи со сопствените ограничувања, вистински или самонаметнати, ќе го запознае својот креативен потенцијал,  па креативната блокада ќе биде – блокирана.

Иако е првенствено наменета како подарок за клиенти, колеги и соработници и тоа оние што ќе комуницираат креативно, функционално и на начин кој ги решава проблемите – предизвика интерес и надвор од индустријата, така што сега е можно да се најде и во неколку специјализирани продавници во Загреб. За таа потреба е направена и англиска верзија, така што unBLOK може креативно да ги одблокира и туристите, пријателите од странство и колегите од целиот свет.

Од агенцијата Señor напоменуваат дека една од основните идеи на овој проект е да покаже дека секоја задача може да има бесконечно многу различни решенија. Затоа, сите сопственици на блокови се поканети да ги испратат решените задачи во Señor, да бидат дел од изложбата којаќе се одржи кон крајот на оваа година. Делата нема да бидат оценети, ниту вреднувани, целта е да инспирираат различни ставови и пристапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365