Чешкиот производител на автомобили Škoda им се заблагодари на своите конкуренти за „отстапениот“ рекламен простор во внатрешноста на нивните автомобили на повеќе паркинзи ширум Шведска.
Имено, Škoda постави „минијатурни билборди“ кои можат да се видат само преку задните камери, односно екранот на контролната табла на возилата кои се паркираат, додека возачите враќаат наназад за да влезат во означените паркинг места.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Nord DDB и шведскиот уметник Кристофер Робин Нордстром кој ги изгработил минијатурните билборди. За да обезбеди внимание на деталите, Нордстром додал и минијатурни згради, рефлектори, скали и графити на малите постери.
Јозефина Норен, уметнички директор во Nord DDB, посочи: „Ова е еден од најстресните и најпренатрупани периоди во годината. Со цел да се пробиеме низ вревата, избравме поинаков и буквално минијатурен пристап за комуникација со потенцијалните клиенти на Škoda преку нивните конкуренти. Ако не можеш да бидеш најголем, можеш да бидеш најпаметен“.