Amazon лансираше нова реклама за гласовниот асистент Alexa, презентирајќи го како „спасител“ на еден збунат татко кој се обидува да ѝ помогне на својата ќерка во учењето од дома.
Рекламата отпочнува со замислена сцена во која го гледаме уништувањето на древниот римски град Помпеја во 79 година од нашата ера, со ерупцијата на вулканот Везув. Како што вулканот исфрла пепел и лава, а престрашените жители бегаат за да спасат живот, се појавува нашиот главен протагонист облечен во модерна поло маица, како љубезно прашува која е годината.
Откако ќе го добие одговорот, тој нагло се транспортира назад во сегашноста, во неговата кујна каде неговата ќерка се труди да учи. Таткото самоуверено исткнува „Штотуку се сетив“, продолжувајќи да го каже одговорот на прашањето кога била уништена Помпеја. На тоа добива ново прашање од неговата ќерка, овој пак за тоа како се викал вулканот кој ја уништил. Таткото веднаш се врти повторно кон вистинскиот извор на неговото знање – гласовниот асистент Alexa, кој и овој пат му го кажува точниот одговор.
Рекламата претставува најновото продолжение на глобалната кампања “A voice is all you need” („Гласот е сé што ви е потребно“), лансирана од Amazon минатата година. Во претходните слични реклами имавме можност да видиме човек кој прекинува фантастична квази-средновековна битка и друг лик кој прекинува оперска изведба во 18 век.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Droga5 London и продукциската куќа Biscuit Filmworks.