Home » Во фокусот » Уништени улични објекти во Бугарија добија очи

Уништени улични објекти во Бугарија добија очи

Во изминативе два месеци низ Бугарија уништените улични објекти се претворија во уметност. Тие добија очи кои треба да ги хуманизираат улиците и животната средина, а со тоа да го привлечат вниманието на минувачите.

Иницијативата, именувана како „Eyebombing“ ги опфаќа формите на надворешното опкружување, со цел луѓето да го гледаат светот на поразличен начин.

„Сакаме да инспирираме масовно поставување на очи секаде каде тоа ќе донесе насмевка кај луѓето, потонати во досадното секојдневие. Она што го разликува Eyebombing од останатите форми на улична уметност е дека тука го нема егото на уметникот што бара докажување и слава (често под некаква форма на вандализам)“, велат од иницијативата.

Оттаму нагласуваат дека оваа иницијатива не претставува борба за јавниот простор, туку негово разубавување.

Извор: radiomof.mk

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365