United Media, водечката медиска компанија во Југоисточна Европа, потпиша договор со американскиот бизнис магазин Forbes со цел лансирање на лиценцирани дигитални изданија на Forbes во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и да ги организира препознатливите конференции и настани на Forbes.
Како додаток на еден од највлијателните бизнис-медиумски брендови, новите портали на Forbes ќе бидат врвни платформи за иницирање дискусии и теми за некои од највлијателните лидери, менаџери, инвеститори и претприемачи од Јадранскиот регион, оние кои ги поттикнуваат промените, го трансформираат бизнисот и имаат значително влијание врз светот.
„Возбудени сме што заедно со United Media ќе ги лансираме изданијата на Forbes во Јадранскиот регион. Ние сме посветени на промовирање на претприемништвото ширум светот, а со новите изданија во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, значително ќе го зголемиме нашето присуство во Европа“ – истакнува Питер Хунг од Forbes.
„Голема чест и привилегија за United Media е да соработува со толку голема и почитувана компанија како што е Forbes. Овој ексклузивен договор е во согласност со нашиот стратешки план за проширување на нашиот бизнис и развој на нови платформи за нашите корисници. Лансирањето на дигиталните изданија на Forbes во регионот е значаен чекор напред во нашата цел да им обезбедиме на читателите најнови вести и информации за бизнисот, финансиите и други важни теми. Со оваа соработка ќе можеме да им понудиме пристап до содржините и анализите на Forbes и убедени сме дека тоа ќе донесе суштинска промена во дигиталната средина на територијата на Југоисточна Европа“ – изјави Александра Суботиќ, извршна директорка на United Media.
Договорот предвидува дека до крајот на годината ќе бидат лансирани пет нови сјатови на Forbes Adria. Тие ќе имаат целосен пристап до сите содржини на Forbes, но ќе пренесуваат и локални стории. Изданијата на Forbes во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија ќе ги водат искусни уредници и новинари кои ќе се погрижат локалната содржина да биде уникатно прилагодена на потребите на публиката. Додека економијата во Јадранскиот регион продолжува да расте и да се развива, сајтовите на Forbes ќе бидат тука за да ги понудат најновите вести, анализи и увид во светот на бизнисот.