Институтот за комуникациски студии (ИКС) почна со уписите на магистерските студии по Менаџирање на стратегиски комуникации. Студиите нудат едукација за менаџери, истражувачи и стручњаци на највисоко ниво, кои се добри стратези и креативни професионалци во развивањето на иновативни пристапи за управување со комуникации.
Едногодишните и двегодишни студиски програми овозможуваат:
– да се стекне академско знаење и искуство кое опфаќа познавање на теоретските, практичните, компаративните и критичките перспективи. Студиите овозможуваат да се вклучите во академската експертска заедница, да ги владеете најновите теории и да можете да ги истражувате и анализирате тековните прашања од научен аспект,
– да се усовршат претприемачките вештини за управување со комуникации, вклучувајќи ги стратегиското одлучување, маркетинг и финансискиот менаџмент, техничките аспекти и анализирањето на општествените услови, и
– да обезбедите понатамошно професионално унапредување и себенадградување на стручно и научно поле. Исто така можете да продолжите со докторски студии на исти или сродни општествени науки.
Интердисциплинарниот пристап на студиите оспособува за широк спектар на области – стартегиски комуникации, дигитални медиуми, истражување, академско пишување, менаџмент, маркетинг, лидерство, јавна дипломатија, глобални односи, претприемништво, економија, корпоративни финансии, мултимедијална продукција и аудиовизуелни индустрии. Наставата се реализира со модерни методи на учење кои обезбедуваат самостојно да генерирате проекти преку:
• Спој на теоријата со глобалните трендови;
• Практични сесии, самостојно изучување и тимска работа;
• Индивидуално менторство и координација;
• Гости професори и врвни професионалци од странство;
• Вклученост во истражувачки и апликативни проекти.
По завршувањето на магистерските студии, ќе добиете 60 ЕКТС на едногодишните студии, односно 120 ЕКТС на двегодишните студии и диплома со стекнат назив „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“.
Пријавувањето трае до 30-ти септември. Ви се обраќаме Вам и Ве замолуваме да ја препратите информацијата до останатите колеги.
Повеќе информации за ИКС ќе најдете на www.iks.edu.mk, info@iks.edu.mk или 02 30 90 004.