На почетокот на годината Гугл одлучи своите две услуги поврзани за дигиталното плаќање да ги обедини под исто име
Досегашните две услуги кои корисниците на Гугл и Андроид мобилните телефони им служеа за мобилни дигитални плаќања, Android Pay и Google Wallet, од сега ќе бидат обединети под едно едно име. Новата услуга која ќе ги обедини двете досегашни се нарекува Google Pay, објавија од компанијата Гугл. Целта на обединувањето е едноставноста на користењето и поголема сигурност и континуитет при користење.
Google Pay ќе ги користи податоците сочувани на Google сметката за плаќање со мобилен на продажните места кои поддржуваат ваков вид на плаќање. Во текот на наредните недели, барем во САД би требало да се појави, како во физичките продавници, така и онлајн. Освен плаќање за производи и услуги во продавниците, Google Pay ќе овозможи и едноставно испраќање на пари помеѓу корисниците.