Првото издание на Epica Awards Шри Ланка беше оценето како „огромен успех“ од страна на организаторите. Дводневниот фестивал беше организиран од страна на Асоцијацијата на акредитирани адвертајзинг агенции на Шри Ланка во партнерство со Epica Awards. Фестивалот и наградната церемонија се одржаа на 5 и 6 март, а во текот на двата дена присуствуваа повеќе од 500 гости.
Агенцијата Leo Burnett освои Grand Prix за кампањата “Petal Paint” за огласувачот JAT Holdings. Кампањата беше оригинално пријавена за натпреварувањето уште минатата година, но беше префрлена за овогодишното издание по иницијалното одложување на настанот после терористичките напади во Шри Ланка за време на Велигден 2019 година. Leo Burnett исто така беше именувана како Агенцијата на годината откако освои најголем број на поени во натправарувањето.
Настанот се одржа во хотелот Taj Samudra Colombo, кој исто така беше и спознор на фестивалот заедно со SriLankan Airlines и Mobitel. Меѓу говорниците на конференцијата се најдоа и Тед Лим, генерален креативен директор на Dentsu APAC, Али Рез, регионален извршен креативен директор на BBDO Worldwide, Тај Гуан Хин, основач и генерален креативен директор на TGH, Асам Халид, извршен креативен директор и директор за стратегија во Ogilvy Pakistan, како и соосновачите на Ki Saigon.
Наградното жири беше модерирано од уредничкиот директор на Epica Awards, Марк Тунгејт, кој исто така беше домаќин на церемонијата. Членови на жирито веа и Рахил Чопра, заменит уредник на Campaign India, Даниел Хантли, уредник на Shots од Обединетото Кралство, Хармандар Синг, основач на издавачката компанија Sledgehammer Communications од Малезија, и Понгпити Фасукјуд, основач на Ad Addict од Тајланд.
Широкото онлајн жири на Epica, составено од над 200 новирани од целиот свет, исто така имаше можност да гласа за првичната долга листа од 400+ кампањи.
Ова беше првиот креативен фестил кој се одржа во Шри Ланка после 12 години. Асоцијацијата на адвертајзинг агенции на Шри Ланка се обрати кон Epica Awards за организирањето на овој настан бидејќи беа привлечени од нивното независно жири, составено исклучиво од новинари кои ја следат индустријата.
Сугибун Сатијаморти, претседател на Асоцијацијата на акредитирани адвертајзинг агенции на Шри Ланка, истакна: „Шри Ланка беше гладна за платформа да ја презентира својата креативност и да биде оценета според меѓународни стандарди. Креативноста не може да се развива без критика, па така Epica Sri Lanka е идеална можност за да учиме и да се подобриме. Ветувањето на Epica Awards за „непристрасна креативност“ не можеше да дојде во подобро време за државата.“
Уредничкиот директор и модератор на жирито, Марк Тунгејт, додаде дека: „Големо е задоволството да ја извеземе уникатната формула на Epica за независно новинарско жири во Шри Ланка. Се надеваме дека ова е првиот чекор во долга авантура и сме горди што ќе играме мала улога во адвертајзинг историјата на Шри Ланка.“
Повеќе информации за настанот може да се најдат на веб-страната: https://epicaawardssrilankafestival.com