Агенцијата McCann Скопје и клиентот Халкбанк АД Скопје обезбедија уште едно финале на регионалниот креативен натпревар BalCannes, овој пат за кампањата „Фустани со џебови“.
„Фустани со џебови – кампања која веднаш стана вирална на социјалните мрежи. Мал моден детал трансформиран во моќна алатка за позитивни промени ги стави Халкбанк и Мастеркард високо на top-of-mind свеста кај луѓето. Препознавајќи ја потребата за финансиска слобода и џебовите како симбол, Халкбанк и Мастеркард лансираа специјален банкарски производ за жени претприемачи што им дава овластување да дејствуваат на похрабар начин. По кампањата, бројот на жени во вкупното портфолио на клиенти се зголеми за 15%, а бројот на жени кои аплицираа за други производи на Халкбанк порасна за 43%“ – стои во објаснувањето на кампањата.
Повеќе за кампањата можете да прочитате на следниот линк, или да го погледнете видеото во продолжение:
Претходно, агенцијата McCann Скопје и клиентот Халкбанк АД Скопје влегоа во финалето на BalCannes со кампањата „Б-страна билборди“.
Добитниците на награди на BalCannes ќе бидат прогласени за време на официјалната наградна церемонија која ќе се одржи во рамки на фестивалот Денови на комуникациите, од 11 до 14 април 2024 во Ровињ, Хрватска.