Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на својата 24-та седница одржана во саботата на 27.12.2014 год. го донесе упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија.
Целта на ова упатство е да се обезбеди валиден и веродостоен систем за мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе покрене иницијатива за формирање на Иницијативен одбор кој ќе ги спроведе подготовките за основање на Македонски комитет за мерење на публиката. Иницијативниот одбор ќе го сочинуваат : по еден претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ЈРП МРТВ, Алсат-М ДОО, ТРД Алфа ДООЕЛ Скопје, Канал 5 ДООЕЛ Скопје, Сител и Телма ДООЕЛ Скопје, Асоцијацијата на огласувачите и два претставници од Македонската Асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) (?!).
Претставниците од членовите на иницијативниот одбор треба да подготват акти и да извршат регистрација на нов субјект “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ПУБЛИКАТА“, најдоцна до 01.02.2015 год. Организацискиот облик на комитетот го утврдува Иницијативниот одбор а го одобрува директорот на ААВМУ.
Членови на комитетот се :
1. Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија,
2. Алсат-М ДОО Скопје,
3. ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје,
4. КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје,
5. СИТЕЛ,
6. ТЕЛМА ДООЕЛ Скопје,
7. Две маркетинг агенции предложени од Македонската асоцијација на агенции за маркетинг,
8.Асоцијацијата на огласувачите и
9. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Основна задача на комитетот е да ги координира мерењата на гледаноста на програмите.
– Комитетот распишува оглас за избор на истражувачка агенција која ќе го спроведе истражувањето врз основа на кое ќе се добијат сознанија за структурата и профилот на домаќинствата во Република Македонија а коешто ќе биде основа за креирање на панелот најдоцна до 01.03.2015 год.
– Распишува оглас за избор на истражувачка агенција која ќе ги спроведува мерењата за гледаноста на програмите.
-Врши избор на истражувачка агенција
Право на учество на огласот за истражувачка агенција имаат истражувачки агенции кои имаат искуство во мерење на гледаноста најмалку 5 години , во не помалку од 3 земји од земјите членки на Еропската уника или Организацијата за економска соработка или развој.
Критериумите за избор ќе ги утврди комитетот со посебен акт.
Договорот со истражувачката агенција го потпишува Комитетот а го одобрува Директорот на ААВМУ и се склучува за период за 5 години.
ЦЕЛОСНОТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА МЕРЕЊЕ НА ГЛЕДАНОСТА И СЛУШАНОСТА НА ПРОГРАМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЖЕТЕ ДА ГО СИМЕНТЕ ОД СЛЕДНИОВ ЛИНК