По повод петтата годишнина од пукањето во американското основно училиште Sandy Hook, невладината организација Sandy Hook Promise, невладина организација за спечување на насилство, креираше кампања, со цел таквите трагедии никогаш да не се повторат.
Новата реклама насловена како „Tomorrow’s News“ (Утрешни вести) е своевидно продолжение на минатогодишната реклама „Evan“ која што на оваа организација и` донесе огромна видливост и која освои бројни награди за креативност на меѓународните фестивали. Само како илустрација, оваа реклама многу брзо ја премина целта на организацијата од 1 милион прегледи, и моментално има околу 150 милиони прегледи.
Новата реклама е смислена така да имитира извештај од локалните вести и затоа е наречена „News for Tomorrow“. Започнува со новинарка која известува за престрелката во училиштето, еден ден пред таа да се случи. Ги интервјуира соучениците и наставниците, како и родителите на една од жртвите. Сите тие опишуваат како ќе реагираат на претсојниот настан и колку ќе им е жал што не направиле или изјавиле нешто порано за да го спречат тој немил настан. Рекламата зборува за знаците кои би можеле да укажат на она што претстои.
„Tomorrow’s News“ завршува со пораката: „Можете да ги спречите утрешните престрелки доколку ги препознаете предупредувачките знаци денес“, а потоа следи повик до гледачите да донираат во организацијата “Sandy Hook Promise” преку нивната веб-страница.
Рекламата ја изработи агенцијата BBDO Њујорк, а ја режираше Хенри Алекс Рубин од продукциската куќа Smuggler.