Кога ќе се спомене името на Coca-Cola, на ум ни доаѓаат бројни симболи – контурата на шишето, црвената боја, звукот на меурчињата. Но, можеби највеселата асоцијација е онаа со Божиќните празници, Дедо Мраз и конвојот камиони на Coca-Cola.
Како што влегуваме во нова празничната сезона, така Coca-Cola откри освежен визуелен идентитет и празнична кампања. Дизајнирана од реномираната глобална агенција за брендирање Jones Knowles Ritchie, новата кампања претставува хармоничен спој на класичните елементи на Coca-Cola и суштинските симболи на Божиќ.
Во срцето на кампањата се наоѓаат шармантни празнични лампиони, украсени со силуети инспирирани од препознатливите контури на стаклено шише Coca-Cola. Секако, тука е присутен и ликот на Дедо Мраз, но изведен во монохроматски стил.
Во соработка со типографското студио Brody Associates е изработен и специјален фонт кој треба да додаде допир на топлина и шарм на сезонските честитки.
Сѐ на сѐ, елегантниот стил на кампањата треба да резонира со публиката на глобално ниво, обвиткувајќи ги пораките на брендот со доза на свеченост и чувство на радост.
Освежениот визуелен идентитет на Coca-Cola веќе се применува низ различни платформи и медиуми – од дигитални интерфејси, до физичкото пакување на производи, обезбедувајќи дека каде и да се појави брендот за време на овој празничен период, тој веднаш ќе биде препознатлив и проникнат со празничен дух.