(РЕГИОН) – Почнувајќи од 1-ви јуни 2020, водењето на словенечката медиска агенција Пристоп медиа ќе го преземе Валерија Преволшек, која во последните 10 години ја водеше агенцијата за медиски закуп Media Pool.
Валерија Преволшек се придружи на тимот на Media Pool во 2007 година, а исто така скоро едно десетлетие беше и претседателка на конференцијата SEMPL.
Како што таа изјави за Маркетинг магазин, одлуката за промена на кариерата и нов деловен предизвик ја донела уште пред почетокот на кризата со коронавирусот.
Досегашната директорка на Pristop Media, Брабара Модиќ продолжува самостојно на својот деловен пат.
.