Брендот на храна за домашни миленици Pedigree лансираше нова фантастична, но емотивна кампања со која ги охрабрува луѓето да вдомуваат кучиња од засолништа.
Кампањата доаѓа како реакција на истражување кое покажало дека поголемиот број на луѓе би купиле куче со педигре, наместо од засолниште, главно поради мислењето дека кучињата во засолништа се нашле таму поради нивното лошо однесување.
Брендот сака да стави крај на оваа стигма, укажувајќи дека некогаш животните околности во кои се нашле поранешните сопственици се причината поради која тие ги оставиле своите кучиња во засолниште, без никаква вина на самите миленици кои можат да бидат исклучително добри.
Во кампањата на Pedigree, тоа е илустирано преку фантастични приказни за вампири и вонземјани кои малите деца ги измислуваат за да најдат оправдување зошто некој воопшто би оставил толку добри кучиња во засолниште.
„Засолништата се полни со добри кучиња. Тие само имаат потреба од добар дом“ – се истакнува во кампањата на Pedigree, создадена со помош на креативната агенција BBDO New York.