Home » Во фокусот » Веб порталите во Србија ќе се саморегулираат преку потпишување на кодекс на добри деловни практики

Веб порталите во Србија ќе се саморегулираат преку потпишување на кодекс на добри деловни практики

Ситуацијата со хаосот во веб издаваштвото во Србија не е ништо поразлична од таа во Македонија. Но наместо да се жалат, тие седнаа на иста маса и почнаа да работат на негово решавање. Прв чекор во целата таа работа е создавањето на свое тело (Совет на online издавачи) и саморегулативен кодекс кој ќе ги оддели оние кои работат етички и професионално од другите ! Браво !

Советот за online издавачите на Србија (SOIS) ја објави конечната верзија на  саморегулативниот Кодекс на добрите деловни обичаи во online издавачката индустрија на домашниот пазар.

Целосниот текст на кодексот, може да се превземе на следниов ЛИНК.

digital-media-large-thumb

Саморегулација на online издавачите

Со овој кодекс, претставниците на српските онлајн-медиуми кои се членови на IAB Србија и SOIS, покажаа иницијатива сами да ги дефинираат и постават правилата на фер пракса, кога е во прашање online издаваштвото во Србија, со акцент на почитувањето на важечките закони на Република Србија, потоа објавување и превземање на содржината во дигитален формат и заштита на авторските права.

Кодексот е моментално во фаза на потпишување од страна на најзначајните online издавачи, кои својата согласност со правилата на кодексот ќе ја верификуваат со ставање на електронскоит знак на SOIS, поврзан со веб страната iab.rs ,  на која се наведени сите медиуми кои работат во согласност со саморегулаторниот кодекс. Медиумите се должни да се придржуваат до кодексот од датумот на неговото прифаќање и потпишување, бидејќи во повеќето случаи, не е можно усогласување со Кодексот на архивираните текстови, кои датираат од неколку години наназад.

Овој Кодекс служи и како препорака на медиумските агенции и огласувачи за категоризација на дигиталните медиуми кои ги почитуваат правилата на добра практика во однос на оние чие работење не е во согласност со фер правилата кои онлајн издавачите сами ги дефинираа во рамките на својата индустрија. Исто така, целта на овој кодекс е да се подобри квалитетот на онлајн-медиумите во Србија, а со тоа и нивниот углед во свеста на потрошувачите и огласувачите.

Извор: Маркетинг Мрежа

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365