Агенцијата Wieden+Kennedy Шангај сака да го промовира трчањето како возбудлива авантура со нова кампања во Кина
Во минатото, Nike се соочи со големи предизвици во промоција на трчањето во Кина, каде што мораше да се бори со пред се` со смогот, но и негативните перцепции на спортот како казна. Но, во новата реклама од агенцијата Wieden + Kennedy Шангај, брендот сака да го претстави трчањето како возбудлива авантура.
Млада девојка која штотуку го заврши своето вечерно трчање е малку разочарана гледајќи го својот паметен часовник за да го види своето поминато време. Одеднаш, мистериозна фигура се појавува и ја предизвикува да трча побрзо и да направи нешто похрабро. На крајот од спотот, додека зема здив, таа уште еднаш го проверува својот часовник кој сега покажува дека таа го подобрила своето време на трчање за повеќе од 40 секунди.
Спотот насловен како „Shanghai Fast“ е претставен во пресрет на шангајскиот маратон. Спотот го изработи режисерот Nicolas Winding Refn (“Drive“, “Bronson“, “ Only God Forgives“) кој во рекламата го вдахна својот познат потпис на заводлив приказ на градовите. Продукцијата е на продукциската куќа Stink од Шангај.