Во денешната епизода на „Што го врти светот?“ ќе ги гледате Катрина и Тошо од Адева – македонска компанија основана од двајца поранешни фриленсери/програмери кои стануваат бизнис и животни партнери.
Тие ја почнуваат компанијата скромно, но набрзо истата расте и добива многу меѓународни клиенти, главно работејќи за Американскиот пазар. Тоа ги поттикнува да отворат канцеларии и да ја регистрираат компанијата во Америка. Интересно е дека компанијата работи целосно remote, па така Тошо и Катерина живеат во Охрид и од таму ја управуваат компанијата. Нивните соработници, вработени и ангажирани лица се наоѓаат во над 40 земји во светот.
Оваа година ја почнаа со вест за пропаѓање на американската банка во која тие и најголем дел од страт-апите во Силиконската долина ги чуваа своите пари. А како продолжи и заврши таа приказна детално ќе дознаеме во најновата епозода на поткастот. Тимовите креирани од нашите соговорници работат со некои од најголемите светски компании меѓу кои Dept, Slice, Imgur и многу други.
Со нив ќе зборуваме и за иднината на светот во насока на тоа како државите можат да одговорат на Вештачката интелегенција и кои се промените кои се случуваат?
Гледајте „Што го врти светот“ со Катерина и Тошо од Адева. Поткастот го создава Здружението ЗМАИ, а е уредуван од Јована Аврамовска Николовска. Гледајте на следниот линк: https://www.youtube.com/@stogovrtisvetot
Доколку ве интересираат повеќе македонски успешни приказни погледнете ја епизодата со Дина Дума, македонска режисерка која го создаде првиот македонски филм на Нетфликс.