Минатата недела Норвешка ги најави своите планови да ја исклучи комплетно својата FM радио мрежа, што во исто време значи дека државата ќе биде првата држава која комплетно ќе ја напушти FM трансмисијата и ќе ја замени со Дигитални Аудио Емитувања (Digital Audio Broadcasts (DAB)). Иако Норвешка е единствената држава која засега официјално го најавува овој прв чекор, не е и единствената која размислува за вакви промени.
Во Велика Британија веќе се најавува преминување од FM на DAB во периодот кој следи.
Владата во Велика Британија официјално најави дека промената од FM на DAB нема да се случи се додека дигиталното аудио не надмине бројка од 50% од вкупните слушатели и се додека DAB не биде широко распространето како и FM. По некои параметри овие прагови веќе се на пат да се достигнат.
Во извештајот од октомври 2016 на Radio Joint Audience Research Limited (RAJAR) се наведува дека 45.5% од слушателите на радио од Велика Британија веќе го користат овој тип на медиум преку дигитални емитувања. Оваа бројка вклучува и радио станици кои се емитуваат со помош на Интернет и дигитално –телевизиско радио како и DAB. DAB во согласност со ова истражување добива удел од 32.3% од вкупниот број на емитувања и слушања на радио.
Во однос на нивото на опсегот на аудио гледано од аспект на целокупната популација AM/FM радиото сеуште го зазема приматот кај корисниците, за разлика од DAB, во согласност со добиените податоци од истражувањето на RAJAR.Скоро ¾ од популацијата во Велика Британија сеуште слуша традиционално радио, во споредба со 44.8% кои слушаат DAB.
Доколку шемите на слушање на аудио продолжуваат да се менуваат со сегашното темпо, ова може да значи дека отпочнувањето на ваквите промени може да се случи во 2018, што во основа значи напуштање на FM во 2020, изјави BBC.