Американскиот моден бренд за долна облека Victoria’s Secret ланисраше нова инклузивна кампања со цел промоција на својата нова колекција на удобна долна облека под името Love Cloud.
Кампањата ангажираше 18 жени од различно потекло, различни големини, облици и карактеристики. Меѓу нив се најде и Софија Жирау – првиот модел на Victoria’s Secret со Даунов синдром.
„Еден ден сонував со ова, после работев за да го остварам, а сега тој сон стана реалност“ – истакнува Жирау на својот Инстаграм профил.
„Колекцијата Love Cloud е значаен момент во еволуцијата на брендот. Од кастигнот на неверојатни жени кои ја „оживуваат“ колекцијата, до неверојатниот инклузивен дух на работната сцена, оваа кампања е важен дел од новите стандарди на Victoria’s Secret кои ги создаваме“, посочи Раул Мартинез, генералниот креативен директор на брендот.
View this post on Instagram