Покрај целосно новата гејмплеј технологија, фудбалската видео-игра FIFA го воведува својот прв англофон женски коментатор во изданието за 2022 година.
Гласот ќе го позајми англиската коментаторка и поранешна фудбалска ѕвезда Алекс Скот, која истакна дека ова е „голем момент за FIFA, за фудбалот и за сите жени и девојчиња ширум светот“.
Со тоа, Алекс Скот ќе се приклучи на досегашните коментатори Дерек Рај и Стјуарт Робинсон, кои вербално ќе ја пренесуваат акцијата и возбудата од виртуелните фудбалски натпревари.
Иако Скот е првата коментаторка од англиско говорно подрачје која ќе се појави во FIFA, првата жена која воопшто ја доби таа улога е шпанската коментаторка Нира Хуанра, која стана дел од видео-играта со изданието за 2021 година.
Новата FIFA 22 ќе биде лансирана на 1 октомври за платформите PlayStation 5, Xbox Series X/S и PC.