Неодамна информиравме дека Пивара Скопје стартуваше со иницијатива за поддршка на угостителството, кое според сите параметри е меѓу најпогодените сектори во Македонија од пандемијата предизвиката од Корона-вирусот.
Кампањата е активна под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас” и истата има за цел да ги стимулира граѓаните со посредство на он-лајн платформата Grouper.mk, да купуваат ваучери со кои ќе можат да ги поддржат своите омилени ресторани, кафеани и кафе барови (ЛИНК ДО СТРАНАТА СО ВАУЧЕРИ). Купениот ваучер ќе може да се искористи кога објектите ќе бидат повторно отворени.
Како дел од оваа кампања денеска беше претставен и нов видео спот “Поддржи го твоето омилено место!” кој можете да го погледнете во продолжение: