Туристичкото биро на австрискиот главен град Виена лансираше нова кампања која ја користи платформата OnlyFans за промоција на градските музеи и други знаменитости, истовремено протестирајќи против онлајн цензурата.
Кампањата насловена “Vienna strips on OnlyFans” („Виена се соблекува на OnlyFans“) се состои во прикажување на „експлицитни“ уметнички дела содржани во виенските музеи, дела кои на другите социјални мрежи би можеле да бидат цензурирани (за што има и конкретни примери). Во суштина, се работи за дела на автори како Питер Пол Рубенс, Амадео Модиљани, Егон Шиле, па дури и праисториската фигурина позната како Венера од Вилендорф.
Првите претплатници кон профилот на Виена на OnlyFans ќе добијат или Градска картичка која им овозможува голем број туристички поволности, или пак бесплатна карта до музејот каде се наоѓа некое од прикажаните уметнички дела.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Jung von Matt.