Викимедија наведува дека не ги принудува големите технолошки компании да плаќаат за Википедија, туку дека новата услуга ќе им овозможи на компаниите да прикажуваат посигурни информации
Фондацијата Викимедија создава нова платена услуга Викимедија Ентерпрајз за компании кои се потпираат на податоците на Википедија.
Новата услуга ќе биде лансирана оваа година и како што се наведува, нема да го промени начинот на работа на тековните услуги на Википедија, туку ќе понуди нови можности за големите компании како што се Гугл и Фејсбук. Фондацијата сè уште го финализира овој проект, но се претпоставува дека де работи за премиум верзија на апликацискиот програмски систем на Википедија (API). На овој начин, корисниците на платените услуги ќе можат побрзо да ги добиваат посакуваните податоци и форматирани за нивните потреби, но исто така ќе имаат пристап до нови опции за нивно сортирање и објавување.
Вишиот директор на Фондацијата Викимедија, Лејн Бекер, за Wired објаснува дека компаниите вообичаено им плаќаат на вработените за да ги „ажурираат“ податоците од Википедија, додека Викимедија Ентерпрајз самостојно ќе ги извршува ваквите задачи независно од изворот. Но, доколку компаниите сакаат, тие сè уште можат да го користат постојниот API бесплатно. Викимедија во своите “Најчесто поставувани прашања“ наведува дека не ги принудува големите компании да плаќаат за Википедија, туку го наведува како решение за специфични и добро познати проблеми со бесплатната услуга.
На овој начин, Википедија започнува да лансира многу големи интернет услуги. На пр. Гугл најчесто ги користи податоците на Википедија, исто како и гласовните асистенти како Сири на Епл или Алекса на Амазон.