Брендот за мебел IKEA лансираше нова кампања за арапскиот пазар, во која главната улога ја имаат домашни миленици кои направиле некоја беља.
Во домот од некаде слушате: „КРШШШШШ!“
Брзате да видите што се случило и го гледате вашето сакано домашно милениче таму – на „местото на злосторството“. Тие ве гледааат со нивните слатки очи и… едноставно… не можете да престанете да ги сакате. Од IKEA порачуваат: Не грижете се, нашите производи се лесно достапни!
Токму неколку такви ситуации со немирни домашни миленици се прикажани во централниот спот на кампањата, проследена со принтови и библорди што ќе бидат поставени на повеќе локации во Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција INGO Hamburg од Германија.