Home » Во фокусот » Vip и младите танчари од Beatrix Crew ја освоија публиката

Vip и младите танчари од Beatrix Crew ја освоија публиката

Vip повторно остави печат во медиумскиот простор со најновaта кампања ”Во ритам на летото” наменета за промоција на новата припејд понуда и отварањето на новиот канал за комуникација со корисниците – Viber public chat. Видеото објавено на официјалните канали на Vip на социјалните мрежи достигна голема популарност, а за освоените симпатии од страна на публиката говори и големиот број споделувања и лајкови.

Станува збор за енергичен видео спот проследен со наменски компонирана и продуцирана музика за оваа кампања. Со брзите и динамични кадри и врвната продукција, успешниот тандем, Vip и маркетинг агенцијата МcCann Скопје создадоа видео спот кој веднаш го привлече вниманието на јавноста, особено со движењата на младите танчери од студиото за модерни танци Beatrix Crew од Скопје.

Целта беше да се обратиме на младата публика и на оние кои така се чувствуваат”, вели Петар Куситасески, одговорен за маркетинг комуникации во Vip.

Која беше идејата за реализацијата на проектот во целост?

Петар: Младите сакаат брза комуникација, достапна услуга и секогаш да бидат во тек со она што се случува околу нив. Сето ова го имаа во предвид колегите одговорни за креирање на промоцијата, со која на припејд корисниците им го понудивме она што најмногу го сакаат, бесплатни Viber пораки со секое надополнување.

Но идејата се развиваше и отидовме чекор понаред, го промоворавме новиот канал за комуникација Viber public chat со што станавме првата телекомуникациска компанија во Македонија која комуницира на овој начин.

На што најмногу внимававте кога ја подготвувавте комуникацијата? 

Петар: Се обидовме да креираме урбана комуникација со која ќе се доближиме до младата популација. Тоа што младите го поседуваат е неизмерната позитивна енергија и динамичност и затоа не се ни двоумевме дека наши главни ликови треба да бидат младите танчери од студио Beatrix Crew, кои со својата впечатлива кореографија и енергија ќе ја промовираат нашата нова услуга. Дека не се само уникатни туку и многу успешни во тоа што го работат, потврдува и фактот што на последното првенство во модерни танци што се одржа во Хрватска го освоија второто место во категоријата Urban Dance Styles. Особено сме задоволни од соработката и им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Големи симпатии доби и Viber chat каналот за комуникација и Vip стикерите

Петар: Viber како канал за комуникација во голем обем се користи во Македонија, a нашата цел беше преку овој канал на корисниците да им овозможиме достапност на информациите на најбрз можен начин.  Комуникацијата се одвива на непосреден и отворен начин, каде корисниците кои не следат ги информираме за најновите понуди, настани, интерни новости… Веќе имаме над 39 илјади следбеници и тој број постојано расте. Дел од кампањата која ја креиравме се и Viber стикерите кои наидоа на големи симпатии, пред се поради атрактивноста на пораките, бидејќи се преземени од секојдневиот говор на младите.

Летото веќе започна, па како што велат во кампањата останува припејд корисниците на Vip да уживаат во ритамот на летото и бесплатните Viber пораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365