За прв пат во својата историја, Ерсте Груп лансираше меѓународна онлајн кампања во пет земји за овој Божик. Кампањата во чие јадро е новиот слоган #believeinyouself, обезбедува врвна продукција која зане како да ги разбуди чувствата во ова празнично време. Покрај Австрија, рекламата ќе се прикажува и во Хрватска, Романија, Унгарија и Србија.
Со воведувањето на слоганот #believeinyouself минатата година, Ерсте Груп започна да гради уникатен идентитет на брендот за сите свои банки во седум земји од Централна и Источна Европа.
“Приказната за малиот еж чии боцки му го отежнуваат животот е всушност приказна за сите нас – секој од нас искусил такви мигови и чувства. За време на речиси 200-годишната историја, Ерсте Груп отсекогаш ги поддржуваше и им веруваше на луѓето и ќе продолжи да го прави тоа. Овај спот кој го загрева срцето се базира на нашите основни вредности и ги преведува во слатка божиќна приказна”, вели Мартин Раджаби-Расет, бренд директор во Ерсте груп.
Кампањата која е лансирана исклучиво на Фејсбук се занимава со оваа тема и се потпира на емоциите на гледачот во празничната сезона. Ова е време на љубов, време кога луѓето чувствуваат потреба да бидат блиску со своето семејство и пријателите. Но, сите ја немаат таа привилегија да уживаат за Божиќ. И затоа е уште поважно да веруваме не само во себе, туку и во другите. За луѓето со вакви убедувања, ниедна препрека не е премногу голема, ниту постои премногу стрмен пат што не може да се совлада.
Во првите 24 часа од објавувањето, видео-кампањата ја погледнале повеќе од 1,5 милиони луѓе, што не е изненадувачки бидејќи е навистина одлична.
Мајкл Наги, креативн директор на агенцијата Jung von Matt / DONAU која ја осмисли кампањата, изјави: “Благодарение на Џон Луис, Божиќните реклами станаа глобален феномен. Многу сум многу задоволен што нашата шармантна приказна #believeinyouself стана дел од тоа”.
“Особено за време на Божик, во време на љубовта, добро е да веруваме не само во себе, туку и во добрината на другите. Без разлика колку некои препреки изгледаат непремостливи, љубовта ќе најде начин. Малиот еж и неговите пријатели не` потсетуваат на тоа”, додава Андреас Пуц, извршен директор на агенцијата Jung von Matt / DONAU и автор на текстот за оваа кампања.