И покрај бројните критики од јавноста, се чини дека Virgin Galactic и нејзиниот сопственик, милијардерот Ричард Бренсон, не се откажуват од планот за комерцијални летови во вселената.
Пред неколку денови, компанијата објави промотивен спот од скоро четири минути во кој накратко го објаснува целиот тек на вселенските летови, од полетувањето, па сé до слетувањето.
Рекламата оддава чувство на сигурност и безбедност дека компанијата која стои позади летовите навистина „знае што прави“, исполнувајќи ги сите празнини во имагинацијата за тоа како би се одвивал еден комерцијален лет во вселената.
Акцентот не е ставен на адреналинот кој го носи патувањето, туку на смиреноста и удобноста на летот – исто како со обичен авион, но со една доза на вселенска фантастичност и воодушевеност.
Доколку сте заинтересирани за лет во вселената со Virgin Galactic, тоа ќе Ве чини „само“ 450.000 долари.