Фановите на филмот Педесет нијанси потемно, сега можат да ја остварат својата желба и да се дружат со главните актери во виртуелната репродукција на една од клучните сцени од претстојниот филм – на маскенбал во вилата на фамилијата Греј.
Со маска на лицето, учесниците можат да го разгледаат маскенбалот во цели 360 степени, и да влезат во интеракција со главните ликови, Кристијан Греј и Анастасија Стил.
Оваа hi-tech репродукција на екранизираната книга, ги става гладачите во чевлите на гостите, им дава слобода на шетање помеѓу гостите на свеченоста. При крајот на забавата гледачот може да ги придружува Кристијан и Анастасија до скалите, додека Кристијан зборува: „Овај пат, нема правила, нема казна.“
Искуството е достапно преку LifeVRили преку користење на VR очила за оние кои ќе ја превземат апликацијата за iOS и Android.