Виртуелна црна дуксерка со зелени детали од брендот „Overpriced“ е продадена за 19.000 долари како NFT датотека
Дуксерот беше продаден на пазарот за дигитални уметности Blockparty.co на анонимен понудувач кој сега може да го „носи“ ова парче облека на виртуелни настани со скенирање на кодот.
Продажбата на дуксерот доаѓа по неодамнешната соработка на виртуелниот бренд за чевли „RTFKT Studios“ со крипто уметниците „Fewocious“ за создавање колекција на виртуелни обувки кои се продадоа за 2,2 милиони фунти, а се распродале за само седум минути.
Брендот „Overpriced“ се опишува себеси како бренд што создава „мода за крипто генерацијата“. Еден од неговите основачи, Лејтон Џејмс, вели: „Ние сме група уметници кои сакаат да создадат крипто мода заснована врз уметност која има за цел да ги оспори концептите за тоа што е луксузна мода“.
NFT е дигитален „предмет“ како што е цртеж, музика, фотографија или видео со потврда за автентичност создаден со блокчејн технологијата. Автентичноста позади која стојат компјутерските мрежи се смета дека е непробојна. Виртуелниот предмет, кој е всушност компјутерски запис, може да се продаде или размени заедно со потврда за автентичност.
Продажбата на виртуелна облека доаѓа по неодамнешната продажба на првата виртуелна куќа, а понудата на виртуелни производи се шири, така што во форма на NFT може да се купат серија фотографии на супермоделот Кејт Мос, нов филм на Кевин Смит и разни други уметнички дела.