Home » Во фокусот » Виртуелна реалност – четири лекции за брендовите и огласувачите

Виртуелна реалност – четири лекции за брендовите и огласувачите

a-person-wearing-a-htc-vive-headset-large

Терминот “виртуелна реалност” (VR) постои речиси 30 години, но само од неодамна неговата трансформативна моќ – сериозно се афирмираше меѓу пошироката јавност.

Моќта за процесирање VR на релативно евтини паметни телефони со приказ на 360-степенска виртуелна средина, која на гледачот му презентира и раскажува приказни на начин што никогаш не го видел претходно, од многумина е опишана како моќ на “последниот најнов гигантски медиум “.

Станува јасно дека овој нов вид на storytelling не треба да биде ограничен како традиционалниот приказ на филмови. Веќе и претходно на М365 пишувавме за огромните импликации за пренесување на спортот и вестите, а исто така и за импактот кај рекламите и брендовите – бидејќи прави физичкото и емотивното влијание врз луѓето да се зголеми, со тоа што тие се чувствуваат информирани и способни да се движат низ времето.

Еве четири важни лекции кои треба да се знаат во врска со виртуелната реалност:

1.VR не е приказна, таа ви помага да ја раскажете приказната
Кога технологијата е возбудлива и можностите изгледаат навидум бесконечни, содржината често може да заглави и сето тоа да изгледа само како презентација на некоја нова технологија. Приказната и ликовите мора да бидат во центарот на вниманието. Исто така треба да се запрашате каде гледачот треба да биде во рамките на приказната. Дали гледачот да биде пасивен сведок на приказната, или интерактивно да се вклучи т.е да биде од централно значење за него (каде ликовите и средината ќе комуницираат со него)?

2. VR е комплетно нов јазик

VR е толку многу различен од традиционалните филмови, исто толку колку што филовите се различни од радиото на пример. Перспективата од 360- степени значи дека не може да се сокрие екипата за осветлување, машината за ветер, па дури и членови на екипата кои стојат во позадина . Традиционалните техники за вакви филмови и приказни не може да функционираат. Правоаголната рамка исчезна, веќе немате познавање за тоа во која точка гледачот ќе се гледа, па застарените уреди немаат никаква функција.

Дури дејствувањето или глумењето бараат друг пристап. Она што изгледа нормално во снимката за традиционален филм, може да изгледа многу големо за приказ со виртуелна реалност (VR). Запомнете: помалку е повеќе.

3. Искуство на гледачот се уште е во развој

Целосното “внесување“ на гледачот во содржината која му ја презентираме во многушто зависи и од тоа да ли тој користи соодветна опрема и слушалки. На крајот на краиштата, тоа го одредува односот помеѓу мозокот и содржината.

Google Cardboard – евтин , достапен VR паметен адаптер за телефон- веќе покажа способност за користење автентично VR искуство на милиони луѓе. Иако Google Cardboard обезбедува возбудливо искуство, повторно се трага по уреди како што се Oculus Rift и други произведени од HTC, Samsung и Sony , кои го покажуваат VR во најдобро светло.

4. Експериментирајте

VR нуди нова можност да комуницирате директно и со вашите сетил . Од тие причини, заплетот не треба да биде даден веднаш. Тоа е важно за да може публиката да истражува и фантазира.

На гледачите мора да им се дозволи да направат ” грешки” и да создадат свои спомени од вашата работа. Исто така, не заборавајте на важноста на звукот. Во рамките на 360 степени и приказ на околина на животната средина, тоа е основен инструмент за водење на гледачот преку искуството, кое ќе го води заедно низ патувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365