Музејот Метрополитен (Metropolitan Museum of Art) и американскиот телекомуникациски провајдер Verizon ја лансираа заедничката кампања “The Met Unframed” – извонредно виртуелно искуство на уметност и игрa со дополнителни специјални ефекти преку 5G мрежата на Verizon.
Во време кога посетата на една од највредните уметнички колекции во светот е лимитирана, кампањата им овозможува на луѓето увид во повеќе од десетина уникатни дигитални галерии и скоро 50 уметнички дела од колекцијата на Музејот Метрополитен.
Достапно на веб-сајтот TheMetUnframed.com, виртуелното искуство ги кани посетителите да ги истражуваат дигиталните галерии и да играат игри со цел да отклучуваат “Augmented Reality” верзии на достапните уметнички дела кои потоа виртуелно може да се „изложуваат“ во сопствениот дом. Платформата “The Met Unframed” е достапна преку кој било 4G или 5G паметен уред, бесплатно во следните пет недели.
Четири од уметничките дела се дополнително збогатени со специјални ефекти кои се достапни за корисниците на 5G Ultra Wideband мрежата на Verizon, при што корисиците ќе можат да уживаат во „оживувањето“ на уметноста преку ултра брз и стабилен интернет.
Дигиталното искуство е создадено во партнерство со мултидисциплинарната продукциска компанија Unit 9.