Конечно е откриено како во рекламите сето тоа изгледа совршено
Им завидувате на девојките кои се појавуваат во рекламите за производи за нега на коса? Па, како да не, нивната коса е толку бујна и полна со сјај. А што всушност се случува на снимањето на овие реклами?
Не е секогаш сè како што изгледа, па затоа брендот “Suave” кон својот маркетинг, пристапи на поинаков начин. За да покаже дека рекламата не е секогаш знак за квалитетни производи, тие на Јутјуб објавија видео како изгледа снимањето и што се случува зад кулисите. На тој начин сакаа да покажат дека нивните производи се природни, но дека не прават чуда како што се прикажува во видео спотовите.
Иако компаниите се обидуваат да продаваат лажни резултати, се чини дека луѓето сепак не паѓаат на тоа, па дури 74% од милениумците не веруваат дека можат да постигнат резултати какви што се прикажани во рекламите.
Во видео записот што го објави брендот “Suave” се прикажани различни модели и нивната подготовка пред почетокот на снимањето. Во една сцена дури се појавува и модел кој лежи на црна позадина, а ја краси долга и сјајна, таласеста коса. Кога режисерот ќе “направи рез”, жената станува, а нејзината долга и свилена коса останува зад неа, бидејќи моделот всушност има кратка коса.
Во друга сцена моделот стои пред зелена позадина, додека две лица во зелени облеки стојат на двете страни и ја движат нејзината коса.
Погледнете како изгледа снимањето на споменатата реклама:
Студијата што ја спроведе “Suave” додека го снимаше ова видео, откри дека 61% од жените се чувствуваат фрустрирано, додека повеќе од 50% жени чувствуваат дека се измамени поради вакво рекламирање на производи за нега на коса. Седум од десет жени сметаат дека изгледот на косата што се прикажува во рекламите е недостижен.
69% од жените веруваат дека рекламирањето на производи за нега на коса е погрешно. 82% се согласуваат дека брендовите за нега на коса не треба да користат практика што ги доведува до заблуда нивните корисници. 84% сметаат дека брендовите треба да ги информираат корисниците за практиките што ги користат во нивните реклами. Повеќе од една третина од жените купуваат производи за нега на коса врз основа на реклами, но не се задоволни со производите.