Со цел отпочнување на својата кампања за аплицирање за стипендии за уметници, Culturama – платформа за уметност и култура од Бугарија, го создаде “The Metavisual” – визуелна креатива создадена со „уништување“ на најголемиот клавир во државата и негово ставање во метаверзумот со едноставна порака: единствениот начин да се создава уметноста е низ нови перспективи.
За да ја пренесе пораката за аплицирање, Culturama пристапи кон кампањата на начинот на кој уметникот му пристапува на нивниот следен проект – испитувајќи го креативниот процес. Заедно со &play – креативно, содржинско и техничко студио, тие трансформираа вообичаена визуелна задача во уметнички експеримент.
Тие го земаа најголемиот клавир во Бугарија – еден од многуте придонеси на Culturama за националната уметничка и културна сцена и го поставија како симбол на уметничката душа. Потоа создадоа 3D интерпретационо скенирање на него во стил на слика со маслени бои и, со цел да ја илустрира потребата на секој креатор да ги прекрши своите ограничувања, го „растури“ 3D моделот користејќи симулација на случајни честички. Овие честички потоа беа прикажани во метаверзумот со нивниот уникатен отпечаток на блокчејнот, формирајќи го клучното визуелно дело на кампањата преку нова перспектива.
„Да се биде креативен е духовен елемент. Да се биде необичен е смелост, мало поместување на перспективата што внесува вкус на искушение во високата севкупност на емоции. Преку оваа комуникација Ве повикуваме да направите чекор“ – коментира Ина Канчева, претседателка и основач на Culturama.
„Можеме ли да експериментираме со процес кој е повеќе сличен на уметничко творештво отколку начино на кој се прави вообичаен креативен комуникациски проект? Тоа беше нашата почетна точка. Потоа отидовме и дигнавме во воздух големо пијано и ги ставивме неговите делови во метаверзумот“ – додаваат Иван Тотев и Димитар С. Стефанов, креативни директори на &play – креативното студио кое стои зад кампањата.