На прв поглед, златна полумесечина на црно ноќно небо. Гледано повнимателно, тоа е жолтата кривина од пакување на McDonald’s кое е поставено под совршен агол. До него јасна и едноставна порака: „Отворени до доцна.“
Брендот за брза храна McDonald’s го промовира отворањето на своите нови ресторани кои ќе работат доцна во ноќата во Италија, преку кампања која се базира на два визуелно привлечни дизајни. Првиот дизајн прикажува пакување за помрит кое со своите црвени и жолти нијанси евоцира лунарно небо при самрак. Вториот дизајн претставува серија на лепчиња за хамбургер кои преку игра на светлина и сенки ги прикажуваат фазите на лунарниот циклус. Постерот е придружен со текстот: „Отворени цела ноќ, секоја ноќ.“
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Leo Burnett од Милано.