Како дел од бренд платформата “Tastes Better” („Вкусот е подобар“), безшеќерниот газиран пијалак Pepsi Max го задева својот најголем конкурент Diet Coke на Coca-Cola со итра принт кампања на австралискиот пазар.
Кампањата насловена “Tastes OK” („Вкусот е ОК“) се состои од неколку визуелни креативи во кои вкусен оброк брза храна е придружен со лименка Diet Coke, свртена на тој начин што директно се читаат буквите “ok”. Креативите се притоа придружени со текст кој порачува дека иако ваквата комбинација е „океј“, оброкот сепак би бил повкусен со Pepsi Max.
Оваа итра кампања е создадена во соработка со креативната агенција Special Group и продукциското студио Pool Collective.