Гостински текст на Влатко Васиљ, Social Media Manager во Element PR and Corporate Communications.
Пред неколку години, присутноста на социјалните мрежи за компаниите преставуваше само следење на трендот и ништо повеќе, но денес официјалните профили на компаниите служат и се користат за многу повеќе.
Ако сакате да се поврзете со вашите клиенти и да откриете она што тие мислат за вашиот бренд – социјалните медиуми најмногу ќе ви помогнат. Ако сакате да се промени перцепцијата за вашата компанија, или да ги подобрите услугите кон клиентите/потрошувачите – социјалните медиуми ќе ви помогнат подобро од кој било друг медиум.
Кога станува збор за компаниите и нивните онлајн профили најважно е создавањето блискост и градење доверба со клиентите, посебно за големите компании кои важат за безлични, далечни и скоронедостапни за обичниот корисник.
Социјалните мрежи нудат уникатна можност за голем број компании да ја подобрат интеракцијата и комуникацијата со потрошувачите, затоа што овие платформи се со сосема различна примена од комуникација преку традиционалните медиуми. На социјалните мрежи може да се фокусирате на дијалог со клиентите и потрошувачите наместо традиционалното стандардно one-way емитување и рекламирање.
Преку традиционалните медиуми вие кажувате дека сте бренд, а преку активноста на социјалните мрежи тоа го покажувате и докажувате. Па, затоа пред да се настапи на овие нови медиуми мора да се изготви добар план и идеја како ќе се дејствува и активно ќе се учествува на тие платформи. Навистина е погрешно е да се отвори Фејсбук страна или Твитер профил само поради тренди присутност на социјалните мрежи и притоа ретко да се постира, да се нема брз респонс и брза реакција на коментарите и на прашањата од корисниците, а потоа на тоа да се гледа како залудно губење време и пари. Живееме во нова сфера на социјализација и компаниите што побргу го сфатат тоа, толку посериозно треба да размислат за инвестирање време, пари и напор во планирање на стабилна поставеност на социјалните медиуми.
Слично како и во начинот на којшто функционира светот на бизнисот, со претходно направено истражување и план пред извршување, може да се каже дека истото важи и за социјалните медиуми. Креирање на план за социјалните медиуми ќе ви постави етапи по кои ако ги следите и ги извршувате тогаш гарантирано ќе го зголемите успехот на препознатливост, а исто така и ќе научите што точно сакаат, бараат и очекуваат вашите потрошувачи.
Затоа, напредните и современите компании можат да наидат на голема поткрепа и придобивка од социјалните мрежи, презентирајќи ја својата вистинска вредност во заедницата каде што работат и едукативно, добронамерно и пријателски да изградат доверба и разбирање кај корисниците давајќи им на знаење колку тие се важни за околината, бизнисот и за економијата на локално и на национално ниво.