Home » Во фокусот » Вложувањето во дигиталното надворешно рекламирање ќе достигне 14.6 милијарди долари оваа година

Вложувањето во дигиталното надворешно рекламирање ќе достигне 14.6 милијарди долари оваа година

Според извештајот на WARC Global Ad Trends, целиот раст на рекламирањето на OOH ќе се однесува на дигитални имплементации

Се очекува дека инвестициите во дигиталното амбиентално огласување (DOOH), т.е. видео содржини и / или дигитални панели поставени на високо прометни јавни локации, како што се главни улици, аеродроми, автобуски станици, подземни железници и трговски центри, годишно ќе растат за 10,1% од 2018 до 2021 година, како и дека на дигиталното надворешно огласување ќе отпадне севкупниот раст на пазарот на надворешното огласување, бидејќи потрошувачката на традиционални позиции ќе почне да опаѓа од следната година, се наведува во најновиот извештај на WARC Global Ad Trends.

Се очекува дека уделот на дигитал во вкупниот глобален закуп на надворешно огласување ќе порасне на 37,3%, односно на 14,6 милијарди долари оваа година, додека истиот раст во 2017 година изнесуваше 34,8%, во 2016 година 32,4%, а 22,7% во 2012 година. Брзиот раст на DOOH делумно предизвикува повисока цена по илјада прикази, како и зголемување на продорот на дигитални панели и можност за комбинирање на таргетирањето со помош на податоците со моќни, динамични креативи.

Големите провајдери на овие услуги ги зајакнуваат своите инвестиции во дигитални локации, што дополнително ќе го зголеми растот во наредните години. JCDecaux го проширува постојниот инвентар од 59.744 дигитални екрани низ целиот свет, со континуирана дигитализација на уличните панели во Њујорк, Чикаго и Лондон. Clear Channel минатата година, додаде 450 нови дигитални екрани, со кои достигна бројка од вкупно 14.510, а Lamar има намера да додаде 300 екрани во 2019 година, кои ќе се приклучат на постојната база од 2.800.

Што се однесува до пазарот, бројките од последниот AA/WARC извештај за инвестициите, покажуваат дека половина од британскиот инвестициски за надворешно огласување оваа година ќе одат на дигитални локации, што изнесува 593 милиони фунти (770 милиони долари). Прогнозите на MAGNA во САД покажуваат очекувани 1,2 милијарди долари, во споредба со 582 милиони долари во 2012 година. Direct Place-based Advertising Association (DPAA) верува дека 100 милиони долари од оваа сума ќе се продаваат програматски, во споредба со 65 милиони долари во 2017 година.

Во Германија, каде што Google моментално ги истражува можностите на DOOH, се очекува дека инвестициите ќе достигнат 285 милиони долари, или 18% од вкупниот OOH пазар, што е повеќе од двојно од износот инвестиран пред две години, а во Франција, се предвидува дека годинашниот удел ќе изнесува 11,9% (183 милиони долари).

Податоците од организацијата Outdoor Advertising Association of America (OAAA) покажуваат дека дигиталните билборди сега сочинуваат 21% од сите билборд позиции во САД, а една студија на Нилсен покажува дека околу 60% од потрошувачите во САД гледаат дигиталниот билборд секој месец, а 37% гледаат таков секоја недела.

Предноста на DOOH е испораката на динамични креативни огласи со помош на алатка за следење во реално време и прогнозирање да се осигура дека на вистинските луѓе им се прикажува најрелевантната реклама, на вистинско место, во вистинско време. Подемот на дигиталните екрани, особено во прометните улици, им даваат на огласувачите поголем избор за тоа каде и кога ќе се прикаже нивната реклама, а самата реклама, особено ако е видео, може да биде многу ефикасна.

Пребарувањето дава клучен придонес кога се комбинира со OOH – кликовите од мобилните уреди (CTR) се зголемуваат за дури 15% кога се поттикнати преку OOH. Податоците покажуваат дека 46% од потрошувачите во САД користат пребарувач откако ќе ја видат надворешната реклама, додека 38% одат на Фејсбук.

Посебно прашање е можноста DOOH да понуди прилика за подобро таргетирање преку технологијата на препознавање лица, спрема која потрошувачите се уште се сомничави. Дури 65,2% од испитаниците на WARC и компанијата Toluna изразија незадоволство од користењето на овие технологии за персонализирани маркетинг пораки.

Џејмс Мекдоналдс, уредник на податоци во WARC, заклучува: “Комбинацијата на моќта на дигиталното надворешно рекламирање и мобилните податоци за локацијата може да се користат за додавање на поголеми можности при таргетирање, што ќе им послужи на рекламите кои се закупуваат програматски да дојдат до вистинските луѓе, на вистинско место, во вистинско време секој час. Ова е привлечна перспектива за огласувачите кои сакаат да ги искористат дигиталните придобивки, без ризик од блокирање реклами, измами и ризици за безбедноста на брендот. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365