Home » Во фокусот » Во четврток ќе се оддржи 24-тото издание на Бизнис Кафе Македонија

Во четврток ќе се оддржи 24-тото издание на Бизнис Кафе Македонија

Во четврток “пиеме“ уште едно “Бизнис Кафе“ и одиме на одмор!

Овој четврток (06.07.2017 год.) со почеток од 19:00 часот во Elite Plaza во Скопје ќе се одржи последното “Бизнис Кафе Македонија“ за сезоната 2016/2017, на кое повторно организаторите обезбедија супер говорници кои со присутните посетители ќе го споделат своето досегашно бизнис-искуство, научените лекции и плановите за иднина.

Гости на настанот ќе бидат Тодор Стојчевски – Директор на агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, Сашко Самарџиоски – Генерален директор на Прилепска Пиварница и Елена Ристевска – пејачка и текстописец.

Сите оние кои се расположени за бизнис-дружење, споделување на искуства и запознавање на нови деловни контакти и потенцијални соработници, ги покануваме навреме да си ги резервираат своите карти на следниов ЛИНК  или во сите продажни места од мрежата “Купи карти за се“.

Карти за настанот по цена од 300 денари, исто така, може да се купат и на фактура (пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com) или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Настанот вообичаено трае околу 2-3 часа од кои првиот дел е резервиран за говорниците кои одговараат на прашања од модераторите и посетителите а потоа во вториот дел следува неформална дружба и нетворкинг во кој присутните и говорниците се запознаваат меѓусебе и разговараат за потенцијални соработки.

Повелете заедно да го “испиеме“ и ова Бизнис Кафе и потоа да одиме на заслужен одмор! Четврток, 19:00 часот! 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365